Во моментов ЈЗУ Здравствен Дом Струмица како здравствена установа на подрачјето на кое е основана ги обезбедува односно ги врши следните услуги:
- итна медицинска помош и домашно лекување,
- итна стоматолошка помош,
- превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца,
- поливалентна патронажа,
- примарна здравствена заштита во рурални средини (села) ,
- биохемиско-лабораториска дејност ,
- рентген дијагностика за заби ,
- обезбедување со лекови
- откривање и третман на пречки во говорот кај децата(логопедска дејност)
- здравствени прегледи на спортисти
- здравствени услуги за ментално здравје
- примарна здравствена заштита на притворените и осудените лица сместени во казнено - поправен дом КПУ Затвор Струмица