Наш профил
Установата е основана со решение на Основен суд Штип бр. 1-14428-0 од 01.07.2005 година и Решение од Министертво за здравство бр.13-10226/29 од 10-12-2004.
Јавната здравствена установа Здравствен дом Струмица функционира како здравствена установа од примарно ниво заради вршење работи од превентивна и специјалистичко консултативна здравствена заштита при Министерството за здравство на РМ.
Внатрешната организација на Установата е определена согласно надлежностите утврдени со Законот за здравствена заштита, Законот за вработените од јавен сектор, Законот за административни службеници, Колективен договор за здравствена дејност и други законски прописи.
Со внатрешната организација на Установата се обезбедува законито, стручно, ефикасно, ефективно и економично вршење на работите и задачите утврдени со закон, насоченост на корисниците на услугите, независност и одговорност при вршење на службените задачи, делегирање на овластувања и внатрешна координација и успешно раководење со организациските единици и Установата во целина.
Работните задачи во установата се вршат преку следните организациски единици:
Служби:
- Служба за итна медицинска помош и домашно лекување
- Служба за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
- Служба за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 годишна возраст
- Служба за итна стоматолошка помош и рентген дијагностика за заби
- Служба за специјалистичко консултативна здравствена заштита
- Депо за лекови
- Сектор за општи работи,човечки ресурси и техничка служба
Подетално за службите на ЈЗУ Здравствен дом Струмица прочитајте на почетната страница.
.jpg)
Во моментов ЈЗУ Здравствен Дом Струмица како здравствена установа на подрачјето на кое е основана ги обезбедува односно ги врши следните услуги...
.jpg)
Јавната Здравствена Установа Здравствен Дом Струмица има листа на активности кои се планирани во следниот период, меѓу кои би ги издвоиле следниве...