Установата е основана со решение на Основен суд Штип бр. 1-14428-0 од 01.07.2005 година и Решение од Министертво за здравство бр.13-10226/29 од 10-12-2004.
Јавната здравствена установа Здравствен дом Струмица функционира како здравствена установа од примарно ниво заради вршење работи од превентивна и специјалистичко консултативна здравствена заштита при Министерството за здравство на РМ.
Внатрешната организација на Установата е определена согласно надлежностите утврдени со Законот за здравствена заштита, Законот за вработените од јавен сектор, Законот за административни службеници, Колективен договор за здравствена дејност и други законски прописи.
Со внатрешната организација на Установата се обезбедува законито, стручно, ефикасно, ефективно и економично вршење на работите и задачите утврдени со закон, насоченост на корисниците на услугите, независност и одговорност при вршење на службените задачи, делегирање на овластувања и внатрешна координација и успешно раководење со организациските единици и Установата во целина.
Работните задачи во установата се вршат преку следните организациски единици:
Служби:
- Служба за итна медицинска помош и домашно лекување
- Служба за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
- Служба за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 годишна возраст
- Служба за итна стоматолошка помош и рентген дијагностика за заби
- Служба за специјалистичко консултативна здравствена заштита
- Депо за лекови
- Сектор за општи работи,човечки ресурси и техничка служба
Подетално за службите на ЈЗУ Здравствен дом Струмица прочитајте на почетната страница.