Итна Медицинска Помош е служба која воглавно има цел да ги мобилизира животно загрозените пациетни и да ги транспортира до најблиската болница за нивно понатамошно лекување. Оваа служба дејствува како на терен така и во своите простории.
Итна Медицинска Помош е служба која воглавно има цел да ги мобилизира животно загрозените пациетни и да ги транспортира до најблиската болница за нивно понатамошно лекување. Оваа служба дејствува како на терен така и во своите простории. На првата линија во функционирањето на Итната Медицинска Помош е диспечерката која го прима повикот, ги регистрира потребните податоци и го известува дежурниот лекарски тим кој преку прашања ја констатира итноста на случајот и превзема соодветна акција.
Покрај главната улога во згрижување на животно загрозените пацијенти, Итната Медицинска Помош врши и транспорт на истите, се грижи за здравјето на пацијнти за време на викенд и празници кога матичните лекари не работат. Во склоп на оваа служба е и службата за домашно лекување. Оваа служба се грижи за пациентите кои имаат добиено специјалистички наод за домашно лекување. Во зависност од времетраењето кое е пропишано во наодот, тимот за домашно лекување врши посета на пациентите и им ја даваат потребната терапија, ја пратат нивната здравствена состојба и изготвуваат извештај за истата.
Покрај својата основна функција, Итната Медицинска Помош нуди и други услуги, како покривање на јавни настани, превоз на пациенти до други здравствени установи, како и систематски прегледи.