Службата за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца работи во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Струмица и во него се изведуваат услуги за имунизација, систематски прегледи и совет, Поливалентна патронажа и Логопедска амбуланта.

Службата за имунизација, систематски преглед и совет има тим кој работата на терен ја обавува во амбулантитет согласно потребите а во согласност со календарот за имунизација. Службата за превентивна здравствена заштита на предучилишните деца посебно се грижи за своите најмали и најмили пациенти со праќање на покани за нивниот распоред на систематски преглед и за вакцинирање. Систематскиот преглед се врши на 1 месец на 3 месеци на 4.5 месеци, 6 месеци, 18 месеци, 3 години и на 5 години а советот работи во склоп на прегледите за вакцинирање.
Тимот на поливанетната патронажна служба ја обавува својата работа посетувајќи го населението, бремените жени и новороденчината во нивните домови и притоа даваат совети за сите три категории во градот и околните села.
Во склоп на службата работи и логопедската амбуланта каде секој од логопедите често посетува и по една детска градинка при што се работи групно со деца кои имаат проблеми со говорот.