Во склоп на ЈЗУ Здравствен Дом Струмица функционираат две служби кои покриваат стоматолошки услуги и тоа - стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 годишна возраст и итна стоматолошка помош и рентген дијагностика за заби.
Службата за стоматолошка здравствена заштита за деца до 14 годишна возраст е организациска единица во ЈЗУ Здравствен Дом Струмица, која нуди стоматолошки услуги во областа на детската и превентивната стоматологија. Во оквир на службата за стоматолошка здравствена заштита се спроведуваат превентивни и интерцептивни мерки со цел спречување болести на устата и забите, како и дијагностика, правење и спроведување на план за терапија и контрола на резултати.
За да се сочува здравјето на устата и забите потребно е да се одржува правилна орална хигиена, правилна исхрана, да се користат препарати со флуор и редовно да се посетува стоматолог. Примената на здравственото воспитување, превентивните и интерцептивните мерки, се спроведува преку обавезни прегледи на одредени возрасни категории (0-14 години) и систематски прегледи (I, III, V и VII одделение) пропишани од страна на Министерството за здравство.
Втората служба во областа на одржување здрави заби е Службата за итна стоматолошка помош и рентген дијагностика за заби снимање на усната празнина преку рентген. потребата на Х-зраци е неизбежна постапка во високо квалитетната стоматолошка дијагностика. Таа е неопходна бидејќи дава увид во здравствената состојба на делови од усната празнина кои не се видливи за време на клиничкиот преглед. Оваа услуга овозможува екстремна прецизност која е од голема значајност за дијагностицирање на случајот како и непосредна презентација на снимката на екран со што се штеди времето потребно за развивање на сликата.